НЕ и за фабрика за биодизел гориво

Bez autora
Nov 20 2011

Секоја изградба на фабрика која е потенцијален загадувач на животната средина во Велес и неговата околина ќе наиде на отпор. Ова денеска екологисите, жителите од населбата Оризари и бизнисмените чии производствени капацитети се наоѓаат во објектите на поранешна Свилара, му го рекоа на инвеститорот Град екологијаа кој има намера на локација која е во близина на населбите Превалец и Оризари, да изгради фабрика за производство на био дизел гориво. Екологистите, бизнисмените и месното население велат дека инвеститорот при образложението им создал повеќе нејаснотии околу производствениот процес и за тоа дали ќе ја загадува животната средина. Инвеститорот информираше дека во фабриката ќе се произведува био дизел од прегорено масло. Пред договори имале склучено со македонски фирми, меѓутоа, не даде одговор на прашањето на екологистите од каде ќе ја обезбедат потребната количина на масло кога во Македонија и регионот нема толкави количини.

НЕ и за фабрика за биодизел горивоСекоја изградба на фабрика која е потенцијален загадувач на животната средина во Велес и неговата околина ќе наиде на отпор.

Ова денеска екологисите, жителите од населбата Оризари и бизнисмените чии производствени капацитети се наоѓаат во објектите на поранешна Свилара, му го рекоа на инвеститорот Град екологијаа кој има намера на локација која е во близина на населбите Превалец и Оризари, да изгради фабрика за производство на био дизел гориво.

Екологистите, бизнисмените и месното население велат дека инвеститорот при образложението им создал повеќе нејаснотии околу производствениот процес и за тоа дали ќе ја загадува животната средина. Инвеститорот информираше дека во фабриката ќе се произведува био дизел од прегорено масло. Пред договори имале склучено со македонски фирми, меѓутоа, не даде одговор на прашањето на екологистите од каде ќе ја обезбедат потребната количина на масло кога во Македонија и регионот нема толкави количини. На ова инвеститорот посочи дека во тој случај био дизелот би го произведувале од отпад и пластични шишиња.

Претставник на македонско-грчката компанија за медицинска пластика која работи во просториите на поранешна Свилара отворено реагираше посочувајки дека преработувањето на пластика не може да не ја загадува околината. Доколку новата фабрика произведува био дизел гориво од пластика, според европските медицински стандарди тогаш тие ќе мораат да ја затворат фабриката и без работа да останат 300 вработени.

Жителите од населбите Оризари и Превалец со став дека тие се за здрава животна средина. На инвеститорот му порачаа дека ќе ги употребат сите демократски мерки за да ја спречат градбата на фабрика на нива која до неодамна тие ја обработувале. Инаку, според инвеститорот, во новата фабрика работно ќе бидат ангажирани 35 до 50 работници, а за неа ќе бидат вложени околу 700.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik